Полската фудбалска федерација објави дека нема да го обнови договорот со Чеслав Михневич после испаѓањето на селекцијата во 1/8 финалето на Светското првенство во Катар.
На Михневич му истекуваше договорот на крајот од годината, па Полска во првите денови од идната ќе бара нов селектор. Полјаците беа елиминирани од Франција во 1/8 финалето во Катар.
Сега меѓу кандидатите се сите странци, барем така пишуваат полските медиуми. Еден од кандидатите е и Ненад Бјелица, хрватскиот стратег кој ги водеше Динамо и Осијек. Исто така меѓу кандидатите се наоѓа и екс украинскиот селектор Андреј Шевченко, потоа доскорашниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез, па селекторот на Саудиска Арабија Ерве Ренар, како и Владимир Петковиќ и Пауло Бенто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

