Репрезентацијата на Полска успеа во второто полуврем да го сруши отпорот на Тунис и да го совлада со 30-28. Во поголемиот дел од првото полувреме Тунижаните беа подобар противник, а во еден момент имаа и плус четири (9-13). Сепак, во продолжението успеја да се стабилизираат и на пауза да се замине со реми 17-17. Во вториот дел Полјаците одиграа далеку подобро во одбраната што беше клучно за конечен триумф од 30-28. Морито со 12 гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Санаи заврши со девет.
Рутински победи запишаа фаворитите Данска и Унгарија во нивните мечеви против Бахраин, односно Зеленортски острови. Актуелните светски шампиони славеа над Бахраин со 34-20, додека Унгарците го совладаа дебитантот на Мундијалите со 34-27.
РЕЗУЛТАТИ РАКОМЕТ СП ЕГИПЕТ:
А ГРУПА
Германија – Уругвај 43-14
Унгарија – Зеленортски острови 34-27
Б ГРУПА
Шпанија – Бразил 29-29
Полска – Тунис 30-28
Ц ГРУПА
Катар – Ангола 30-25
Хрватска – Јапонија 29-29
Д ГРУПА
Аргентина – ДР Конго 28-22
Данска – Бахраин 34-20
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА