Женската репрезентација на Полска сепак ќе учествува на претстојниот мундијал што од 1 до 17 декември ќе се одржува во Германија, откако оваа селекција доби вајлд-карта од ИХФ за да биде дел од светската ракометна елита.
Полските ракометарки не успеаја да изборат пласмана овој мундијал, но светската куќа на ракометот денеска обелодени дека Океанија нема да го искористи своето право да испрати претставник во Германија. Ова испразнето место се доделува на Полска како најдобра репрезентација од последниот мундијал (четврто место) која не успеала да се пласира за претстојниот светски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА