Домаќинот Полска дојде до бронзениот медал на Европското првенство 2021 откако во натпреварот за третото место, се чини, полесно од очекувањата дојде до триумф против селекцијата на Србија, со што го повтори успехот од пред две години, од ЕП 2019.
Полјаците од самиот почеток јасно ја демонстрираа желбата пред своите навивачи да дојдат до бронзениот медал, па лесно ги добија првите два сета со 25-22 и 25-16.
Одлично го почнаа и третиот сет во кој се стекнаа со предност, но Србите се вратија во игра за да сепак на крајот заврши со позитива на Полска од 25-22, за конечна победа во три сета од 3-0.
Во финалето на европскиот шампионат од 20:30 часот ќе играат Италија и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА