Полска во финишот го најде решението за Фарски Острови, Чешка ја прегази Грција

Полска стигна до првта победа на Европското првенство кое оваа година се одржува во Германија откако славеше над Фарски Острови со 32-28 благодарение на подобриот финиш на средбата.

Во изедначениот натпревар најголемата предност која ја имаше еден тим пред самата завршница беше два поени, но Полјаците успеаја со добрата игра на двата дела од теренот да ја превземат иницијативата. При резултат 26-26 следеа две мини серии на „црвено-белите“, а потоа и серија од 3-0 на самиот крај за заверување на победата.

На првата победа на шампионатот се радуваше и Чешка кој со 29-20 славеше против Грција. Чесите беа подобриот противник уште од самиот почеток, а предноста од седум гола (15-8) на полувремето умешно ја задржаа и второто полувреме во кое продолжија да го диктираат темпото и во еден момент водеа со +14.


На прва победа се радуваше и Гризија која го доби натпреварот против Босна и Херцеговина со 19-22.

Се вчитува...