ПОЛСКА – Кој ќе му помогне на Левандовски?

Во рамките на медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за EВРО 2020, чиј дел е и ЕКИПА, заедно со вкупно 22 европски медиуми меѓу кои и со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија), „Франс фудбал“ (Франција), „Блик“ (Швајцарија), ви ги пренесуваме комплетните информации за сите репрезентации учеснички на Европското првенство 2020

Својот прв натпревар на овој шампионат денеска ќе го игра селекцијата на Чешка, која за ривал во 15 часот ќе ја има Шкотска.

За ЕКИПА пишува: Tomasz Wlodarczyk од Meczyki

Твитер профил: @wlodar85

Обезбедувањето на пласман на Европското првенство 2020 не беше проблем за Полска. Тие беа фаворити во нивната група и го направија тоа одлично, со шест бода предност во однос на второпласираната Австрија. Меѓутоа, освоените бодови и лесната група го скрија фактот дека Полска не играше најдобро. Се мачеа на многу натпревари и стилот на игра под водство на Јержи Бржецек стана проблем за фановите, а и за претседателот на федерација на Полска, Жбигњев Бониек.

На почетокот на годината Бржецек беше сменет со Пауло Соуса. Португалскиот тренер кој во минатото ги водеше Свонси, Фиорентина и Бордо меѓу другите со самото доаѓање доведе ентизијазам. На првата прес-конференција го погоди полското его, говорејќи за фудбалската традиција, тешката историја и дури го спомена Папата Јован Павле Втори.

Но, на почетокот од неговиот мандат состојбата на теренот беше далеку од перфектна. На првите три натпревари од квалификациите за Светското првенство видовме реми со Унгарија, пораз од Англија и победа над Андора со настап кој не внесе оптимизам и не ги освои срцата на навивачите. Сепак Соуса не ги промени својот став и верба – дека може да го извлече најдоброто од оваа генерација играчи.

Главната промена која сака да ја направи покрај позитивниот менталтет е тактиката. Тој е дел од одличната тренерска школа во Португалија со надградување во Италија и користи хибридна формација која е многу флексибилна. Пристапот зависи од резултатот и тоа што треба тимот да го направи, но кога напаѓа Полска игра со три дефанзивци, менувајќи на четири или пет при бранење.
Тактиката зависи од изборот на играчите. Тој од играчите бара да бидат физички подготвени со цел да ја исполни неговиот темел на тактика, а тоа е доминација во висок пресинг со цел да не може противникот да ја намене својата игра.

Соуса сака да игра со двајца напаѓачи со цел да го добие најдоброто од Левандовски.

„Основниот елемент на нападот од нашата игра мора да биде „хранењето“ на Левандовски и останатите напаѓачи“, вели тој. „Не смееме да си дозволиме да го испуштиме овој потенцијал. Полска не само што го има најдобриот голгетер на светот, игра и квалитетни напаѓачки опции“. Пиотр Зиелински е клучот на креативноста.

„Верувам дека можеме да створиме нешто уникатно на Европското првенство“, вели Соуса. „Тоа може да го направиме со искористување на искуството кое нашите играчи го имаат со настапите во најдобрите лиги во Европа. Мора да веруваме во себе. Да веруваме дека може да успееме и да се посветиме на тоа“.

СЕЛЕКТОРОТ

Пауло Соуса беше младо момче кога неговиот татко заврши во кома по сериозна сообраќајна несреќа. Соуса и неговата мајка почнаа редовно да патуваат до нивниот роден крај Висау до Фатима, познат центар за посветенсот во централна Португалија, молејќи се за здравјето на таткото.

Молбите на семејството биле послушани и таткото закрепнал, а младиот Соуса научил дека вербата помага. Како професионалец пак тој не е суверен и верува во тврдокорна работа и добра комуникација.

За Португалецот е многу важно прво да се посвети на човекот, а потоа на играчот. Тој има вели на играчите колку тие се важни во неговите планови и дека смета на нив (помага фактот дека говори португалски, англиски, италијански и шпански).

ИКОНА

Роберт Левандовски ја продолжи доминацијата по доаѓањето во Минхен во 2014 и само пандемијата во сезона 2019/20, во која ги предводеше баварците до импресивна „триплета“ го спречи изборот за најдобар фудбалер на годината на ФИФА да падне на него пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Доколку Ballon d’Or не беше откажан ќе го освоеше и тоа.

Се кај него се темели на трудољубива работа и решителоста да продожи да се напредува како играч. Фактот дека неговата жена Ана е светски шампион во карате само додава на привлечноста.

БЛАГОДАРЕН ЗА ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРО 2020

Камил Пиатковски, чија форма експолираше во последната година, и е во многу подобра позиција во борбата за првотимски статус отколку што беше пред 12 месеци. Летото 2020 тој беше помалку познат дефанзивец настапувајќи за тим од средината на табелата Раков Честочова, но сега се смета за еден од најталентираните централнидефанзивци на неговата генерација. Одбранбениот играч кој ќе наполни 21 година на Европското првенство веќе има договорен трансфер во Лајпциг, уште една потврда за неговиот квалитет и потенцијал.

ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ (4-1-4-1): 

Шчешни – Бережински, Глик, Беднарек, Јожвиак, Криховијак, Клих, Рибус, Модер, Зиелински – Левандовски.

ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ: 

Полските навивачи не се добро познати како пеачи и се уште немаат присовено песна која ќе ги следи на големите натпреварувања на оваа селекција. Песната која имаше најголемо влијание е онаа на Марла Родович насловена „Фудбал“ од 1974 година бидејќи тоа беше многу успешно првенство за Полска – кое Полјаците го завршија како третопласирани.

ШТО ВЕЛАТ ФАНОВИТЕ: 

Легендарниот коментатор Дариус Шпаковски, кој коментираше на првиот меч на полскиот национален тим во 1976 година, барем еднаш ќе викне со неговиот карактеристичен глас: : „Szansa! Aj, Jezus Maria!” –  по пропуштена шанса. Овие зборови се асоцијација со гласот на Шпаковски од натпреварот помеѓу Полска и Англија во 1993 година и се користат на интернетот по промашена шанса.

Повеќе од веројатно, по неуспехот на многуте претходни натпреварување, предидувањата за престоните натпревари од групната фаза ќе ја имаат и фразата:
„Mecz Otwarcia. Mecz o wszystko. Mecz o honor.” – Прв натпревар. Натпревар на се или ништо. Натпревар за чест“.

И дополку промашиме шанса полските навивачи сигурно иронично ќе велат “Nic się nie stało, Polacy nic się nie stało.” – „Ништо не се случи, Полјаци ништо не се случи“.

Се вчитува...