Различните реакции на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз не престануваат, а веста за најконкретните последици доаѓа од Полска. Телевизискиот коментатор на полската телевизија беше суспендиран поради исмејувачки коментар за време на церемонијата.
На свеченото отворање, локалната пејачка Џулиет Арманет ја отпеа песната на Џон Ленон Imagine со придружба на пијано. Овој хит на легендарниот пејач на Битлси се смета за неофицијална олимписка химна. Во него Ленон пее за свет без рај, без нации и без религија.
Набрзо стигна и реакцијата на полската телевизија: „Взаемно разбирање, толеранција, помирување – тоа не се само основни олимписки идеи, тие се и основата на стандардите кои ја водат полската телевизија. Немаме разбирање за оние кои ги прекршуваат. Сакаме да Ве известуваме дека по вчерашните скандалозни зборови Пшемислав Бабијарц е суспендиран од службените должности и повеќе нема да биде коментатор за време на Олимписките игри“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА