Наполи го доведе своето прво засилување во зимскиот преоден рок откако лидерот на табелата постигна целосен договор за ангажман на Бартош Бережински од редовите на Сампдорија.
Полскиот репрезентативец настапува на позицијата десен бек и од денеска официјално ќе му биде соиграч на нашиот Елиф Елмас и своето деби за „наполитанците’“ би можел да го има во текот на следната седмица. Тој пристигнува на позајмица до крајот на сезонава, а Наполи летово целосно ќе го откупи неговиот договор за два милиони евра.
Следен на листата со желби на тренерот Спалети е маоканскиот репрезентативец Азедин Оунахи, за кого веќе е испратена понуда од 15 милиони евра до неговиот клуб Анже.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА