Полските хулигани приредиле хаос во Белград: Искршени излози, демолирани барови… (ВИДЕО)

Група полски навивачи, кои се пристигнати во Србија да го бодрат Лех на натпреварот против Црвена Звезда во квалификациите за Лигата на шампионите, приредија вистински хаос во центарот на Белград.

Групата полски навивачи во која се навивачи на Лех, Краков и ЛКС Лоѓ, искршила неколку излози од продавници во центарот на Белград, на улицата Кнез Михајлова, а демолирале и еден кафе-бар, пренесуваат српските медиуми. Полицијата брзо интервенирала и почнала да ги апси разбојниците.

Белградските медиуми објавија дека во главниот град на Србија моментално има околу 1.000 полски навивачи.

Реванш натпреварот од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу Црвена звезда и Лех ќе се игра вечерва во 21 часот на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Се вчитува...