Полските навивачи под силна полициска придружба на комплексот на ФФМ (ВИДЕО)

Навивачите на Лехија Гдањск познати по постојаните инциденти кои ги предизвикуваат ширум европските терени, се под силна полициска придружба на комплексот на ФФМ каде од 17 часот нивниот тим го очекува реванш-дуелот од 1. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига со Академија Пандев.

Нешто повеќе од 100 полски навивачи се во Скопје со поддршка за својот тим кој има висока предност од 4-1 по првиот натпревар против „пандевци“.

Како што е познато, навивачите на Лехија пред првиот натпревар во Гдањск предизвикаа инцидент поради кој натпреварот доцнеше еден час.

 

Се вчитува...