Натпреварувачката комисија на Хрватскиот фудбалски сојуз го суспендираше „Пољуд“ во Сплит по нередите кои ги приредија хајдуковите навивачи „Торцида“ по поразот од Динамо Загреб во полуфиналето од Купот на Хрватска.
Тоа значи дека до конечната одлука на Дисциплинската комисија околу казната која го чека Хајдук, не смее да се играат натпревари на „Пољуд“.
Според најавите, Хајдук го чека казна од најмалку четири натпревари без публика во Сплит, или играње на заменски стадион надвор од Сплит. Исто така се очекува сплиќаните да бидат казнети и со парична казна од 20.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА