Полудо не можеше: Швајцарија со хрватски рецепт до продолженија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Франција и селекцијата на Швајцарија приредија репризно издание од дуелот меѓу Хрватска и Шапанија, па по резултат од 3-3, патникот во следната фаза ќе го решаваат преку продолженија од 15 минути. Карим Бензема кај Франција, а Сеферовиќ кај Швајцарија, се покажаа како главното оружје на двете селекции, успевајќи да постигнат по два гола за своите репрезентации.

По првото полувреме во Националната арена во Букурешт, Швајцарија успеа да дојде до водство од 1-0 против репрезентацијата на Франција, а овој шок на Дешамп и неговите фудбалери го приреди Харис Сеферовиќ во 15. минута, успевајќи да биде прецизен со глава. „Петлите“ до крајот на полувремето успеаа да ја контролираат играта, но без никакви сериозни шанси за гол.

Вториот дел од овој меч започна повторно со бледа игра на Французите, а ваквата нивна незаинтересираност можеше скапо да ги чини во 54. минута, откако беше досуден пенал за Швајцарија. Сепак, од овој момент започна и големиот пресврт, Љорис успеа да го одбрани ударот на Родригес од белата точка, па на сцена следуваше извонредниот Карим Бензема. Тој најпрво успеа да биде прецизен во 57. минута, а за нешто помалку од две минути повторно се запиша во листата на стрелци и донесе водство на Франција од 2-1.

До крајот на натпреварот следуваше вистинска драма, на лик на епскиот натпревар меѓу „црвената фурија“ и „коцкестите“. Пол Погба постигна феноменален гол од далечина во 75. минута и донесе убедливо водство од 3-1, но тогаш кога се чинеше дека рутински ќе биде завршен овој меч, повтортно се појави Сеферовиќ и намали на 3-2 во 81. минута, а во 90. минута Гаврановиќ изедначи на 3-3 и донесе продолженија од 15 минути.

Чешка веќе ја приреди првата сензација на ова ЕП, откако ја совлада Холандија, па останува да видиме каков ќе биде епилогот од овој вечерашен двобој.

 

blob:https://sportklub.rs/328a494b-e321-4e40-93e6-9d0e21d6db5c

 

blob:https://sportklub.rs/58cfadfd-efcd-41c3-8281-50197a7c488d

 

blob:https://sportklub.rs/bf42872c-bcf2-4431-8289-662d233fe010

 

 

 

Се вчитува...