Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Екатерине Горгодзе од Грузија изборија полуфинале на ИТФ фјучрсот во Лопота, Грузија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Тие во четвртфиналето ги совладаа Зозија Кардава (Грузија) и Владислава Зверава (Русија) со 2-0 во сетови (6-3 6-3).
За пласман во финалето Ѓорќеска и Горгодзе ќе играат против третите носителки Рутуја Бхосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд), кои во денешниот меч остварија триумф над Американките Кајетано – Ли со 2-1 во сетови (6-7 6-3 и 10-8 на поени).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

