По завршувањето на последниот четвртфинален двобој, ФА на Англија ги одреди и полуфиналните двојки во ФА Купот. Оваа сезона дефинитивно ќе има нов победник по елиминацијата на Манчестер јунајтед на „Стемфорд бриџ“.
Челси ќе се сретне против Тотенхем во лондонски дуел, додека Арсенал ќе ги одмери силите со Манчестер сити. Двата полуфинални натпревари ќе се одиграат на стадионот „Вембли“, на 22. и на 23.април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА