Аргентина е многу блиску до полуфиналето на СП 2022 откако „гаучосите“ поведоа со 2-0 во четвртфиналната пресметка со Холандија.
Лео Меси асистираше при првиот погодок на Молина, но затоа асот на ПСЖ при вториот гол ја имаше улогата на стрелец, откако умешно го реализираше пеналот што го изнуди Акуња од Дамфрис.
Холандскиот голман до последно стоеше во место чекајќи „кикс“ на Меси, но Аргентинецот биеше силно и прецизно, за огромна радост на „гаучосите“ на преполните трибини на стадионот „Лусаил“. Ова беше десетти мундијалски погодок на Меси, со што тој се израмни со легендарниот Габриел Батистута како најдобар аргентински стрелец во историјата на светските шампионати.
Пеналот за Аргентина и голот на Меси можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА