Иако се уште се очекува официјалната одлука од УЕФА, сосема е извесно дека историскиот натпревар за Македонија на патот до Европското првенство, полуфиналето од бараж плеј-офот од Лигата на нации против Косово ќе се игра во Скопје без присуство на публика.
Во УЕФА, иако не соопштуваат, веќе е донесена одлуката септемвриските и октомвриските репрезентативни натпревари да се играат без публика. А, тоа значи и дека првиот натпревар од Лигата Ц на Лигата на нации против Ерменија, Македонија на 5. септември во Скопје ќе го игра пред празни трибини.
Натпреварот против Косово, пак, се игра на 8. октомври на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
УЕФА претходно забрани присуство на публика и на европските клупски натпревари кои ќе се играат ова лето, но и потоа во групната фаза од натпреварите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА