Аргентина има предност од 2-0 на полувремето против Хрватска, и е блиску до финале на Светското првенство. Откако мирно се играше во првите 30 минути, вистинските возбудувања се случија во 34. и во 39. минута кога беа постигнати головите.
Првиот од пенал, кој го изнуди Алварез откако беше срушен од Ливаковиќ. Меси го претвори во водство шутирајќи одлично во горниот десен агол.
Вториот гол самиот го постигна Алварез и тоа во еден противнапад. Алварез одлично ја мина целата хрватска одбрана, која беше многу „нежна“ во овој напад, и успеа да го совлада Ливаковиќ за високи 2-0.
Веднаш се закани повторно Аргентина преку Мекалистер, но одбрани Ливаковиќ и спасува можеби и 3-0 за Аргентинците, резултат кој дефинитивно ќе ја решеше дилемата околу патникот во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА