На денешните два натпревари во ПМФЛ, има само еден гол по првите 45. минути. Арсими има изненадувачко водство во Куманово над Башкими, со оглед дека домаќините доминираа и имаа повеќе прилики.
Откако во 15. минута не реализираше Манасиевски, потоа и Алими, во 26. минута најпрво досуден пенал за Арсими, но по консултација на ВАР судиите, беше досуден слободен удар. Но, и тој беше претворен во погодок, откако Бесагиќ со помош на живиот ѕид и голманот Јашар успеа да погоди во мрежата и да го шокира домаќинот.
До крајот на полувремето Башкими се обиде да израмни. Имаше една супер шанса, ја погоди и стативата Адекунле, а Хаџиќ го промаши невозоможното, односно од 6-7 метри не успеа да го погоди голот иако беше осамен.
Во Струга на мечот помеѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП немаше возбудувања, се до последните мигови од првиот дел. Најпрво Компаоре погоди, но голот беше поништен поради игра со рака. Меѓутоа во следната акција по асистенција на Хамза, Маудо Џарџуе со глава успеа да донесе предност за Струга ТЛ. Топката долго леташе кон напаѓачот на домашните, одбраната и голманот како да беа несогласени кој да тргне по таа топка, па Џарџуе остана осамен и успеа да погоди за предност на стружани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

