Полувреме: Aвстралија води со голот на Дјук, Мсакни промаши „зицер“ за изедначување

Австралија има предност од 1-0 на полувремето од натпреварот против Тунис на Светското првенство во Катар. Стрелец на единствениот гол беше Мичел Дјук кој во 23. минута ја затресе мрежата на Дахмен.

Во полуконтрата на Австралијанците напаѓачот одлично се позиционираше во шестнаестникот, а потоа и упати неодбранлив удар со главата.

Тунис имаше можност да изедначи во втората минута од судиското продолжение, но ударот на капитенот Мсакни од непосредна близина заврши до стативата.

Се вчитува...