По 45. минута игра на натпреварот на денот на Светското првенство во Катар помеѓу Србија и Бразил мрежите мируваат.
Бразилците беа подобриот противник во првото полувреме, упатија пет обиди кон противничкиот гол од кои три во рамките, но не успеаја да го совлдаат голманот Милинковиќ-Савиќ.
Најлукавиот од нив беше оној на Нејмар во 13. минута од мечот кога фудбалерот на ПСЖ се обиде да ја затресе мрежата директно од корнерот, но искусниот српски голман не дозволи сензационален погодок како оној на Шакири на мечот помеѓу Англија и Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА