Голманот на Шкупи, Артан Иљази беше во центарот на вниманието по првиот дел на дербито во 20. коло во ПМФЛ. Чуварот на мрежата на скопскиот тим во 1. минута направи пенал откако стартуваше над Шабани, а потоа го одбрани ударот на Ибраими, и така ја сочува мрежата.
Но, не само тоа. Иљази потоа одбрани уште два удари, но тие беа далеку послаби од тој пенал. Иљази ги одбрани ударите и на Шабани и на Радески, па така го сочува својот гол. Мечот има динамика, има темпо, но засега главно се игра на средината на теренот.
Шкупи во првиот дел „невидлив“ во нападот, не направи ниту една посериозна шанса пред голот на Ќосевски, а одбраната имаше многу работа да ги спречи нападите на домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

