Нема голови по првиот дел на Националната Арена „Тодор Проески“ на дуелот помеѓу Македонија и Велс. Двете селекции во првите три минути имаа свои шанси, а потоа одиграа слабо до крајот на полувреме, со по една полушанса на дете страни. И Македонија и Велс како со нетрпение да го очекува крајот на полувремето, па со повремени напади не успеаја да направат нешто сериозно да се заканат.
Уште во 33. секунда закана од Велс. Џордан Џејмс шутираше, а Димитриевски изби со крајни напори во корнер.
Стигна веднаш закана и од Македонија, трета минута Костадинов шутира од дваесетина метри, само крај голот.
Следната закана дојде од Велс, по една одлична акција и лоша реакција на нашата одбрана, на крајот топката стигна до Томас кој шутираше лошо, па дефанзивата на Македонија некако успеа да расчисти. Во 38. минута шут и на Шихан, но Димитриевски е на вистинско место.
Минути на Македонија во финишот, два изведени корнери, од кои од вториот Алиоски со волеј, но само над голот на Дарлоу, што беше и последната закана во првите 45. минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА