Полувреме без голови, но Сити во голема „негатива“ – Де Брујне предвреме го заврши мечот!

Без голови првото полувреме меѓу Манчестер сити и Интер во финалето од Лигата на шампионите на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Но, голем хендикеп за Манчестер сити низ продолжението од натпреварот откако поради повреда уште во првиот дел мечот мораше да го напушти еден од најдобрите фудбалери на „граѓаните“, Кевин Де Брујне.

Де Брујне излезе од игра во 36. минута и тоа сигурно ќе биде голем недостаток во второто полувреме за тимот на Пеп Гвардиола.

А, Манчестер сити во првите 45 минути беше поблиску до водство, имаше неколку можности, од кои најголемата на Халанд во 27. минута, но не успеаја да ги искористат.

Се вчитува...