Полувреме без голови: Португалија никако да го пробие чешкиот „бункер“, Пепе стана најстар играч на ЕП

Со 41 година и 113 дена, играчот на Португалија Пепе е највозрасниот фудбалер кој некогаш настапил на Европските првенства. Пепе, изненадувачки се најде во стартниот состав на Роберто Мартинез. Исто така рекорд постави и Кристијано Роналдо, кој го игра шестото Европско првенство, нешто што никому досега не му успеало.

Меѓутоа и со Роналдо во составот, Португалија не успеа да ја пробие Чешка по првото полувреме. Имаше иницијатива, имаше шанси, меѓутоа не го најде патот до мрежата. Завршниото додавање е она што недостасува кај Португалците.

Од друга страна Чешка со центаршутеви се обиде, меѓутоа без опасност по голот на Диого Кошта.

Се вчитува...