И на денешниот натпревар, како и на оној против Малта пред неколку дена, мируваа мрежите на двете репрезентации по првиот дел. Но, вечерва Македонија беше поконкретна, имаше неколку добри шанси, пред се на Несторовски и на Алиоски, но без завршница. Од друга страна Фарски Острови имаше една прилика кога не реализираше.
Милевски овој пат ја научи лекцијата, и излезе офанзивно со 4-3-3. Најзрелата шанса ја имаше Алиоски во 37. минута кога ја „здрма“ пречката од голот на Фарски Острови. Претходно четири минути подоцна убава акција, но топката за малку не стигна до Несторовски во завршница. Инаку во првиот дел поништен гол на Македонија, односно на Етеми поради офсајд, но ситуацијата беше дискутабилна.
На моменти играта на нашата репрезентација беше со многу грешки, и со многу комбинаторики, пред се во завршницата кога тие комбинации носеа и лесни интервенции на одбраната на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА