ПОЛУВРЕМЕ БЕЗ ГОЛОВИ: Трајковски и Елмас се заканија, Грузија опасна од контри

Полувреме без голови на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Полувреме кое оди во заборав, со малку шанси, со по два удари на головите, и лесни одбрани на Димитриевски и на Мармардашвили.

Трајковски прв се закани, но топката профуче крај левиот дирек. На другата страна Кварацхелија се закани, но Димитриевски одбрани лесно, а потоа мораше да одбива. Во 32. минута по една супер акција се закани и Елмас, но на место беше грузискиот голман.

Се игра главно на половината на Грузија, но Грузијците чекаат шанса преку противнапади и по левата страна каде што Кварацхелија прави многу проблеми на одбраната, меѓутоа на крајот мрежите останаа чисти по првите 45. минути.

Се вчитува...