Полувреме без голови во Тетово: Арсими со повеќе шанси од шампионот

Иако важи за аутсајдер на мечот со Шкендија, сепак, тимот на Арсими одлично се носи во дуелот со првакот и тоа на негов терен. И не само тоа, туку имаше најмалку две добри шанси, па Шкендија може да биде среќна што нема и негатива.

Пвата шанса дојде преку Олатунбосун кој со ножички се обиде, но Гаја одби во корнер. Авдули во 30. минута шутираше за малку крај голот.

Првиот шут во рамките на голот на Арсими го имаше Флорент Рамадани, но Исљами успеа да одбрани.

Игњатов во финишот на првиот дел имаше два обиди. Првиот заврши во рацете на Гаје, додека вториот беше непрецизен, па нема голови по првиот дел од средбата.

Се вчитува...