Полувреме без голови во Вилнус, голманите во главна улога

На полувреме од натпреварот меѓу Жалгирис и Струга ТЛ нема голови. Двата тима имаа по една сериозна шанса, но голманите Гертмонас и Ќосевски беа во главна улога.

Буњамин Шабани ја имаше најдобрата шанса за стружани во 36. минута, меѓутоа Гертмонас успеа да го сочува својот гол. На спротивната страна во 15. минута го одбрани ударот на Хнид со глава по изведен корнер, и така не дозволи домашниот тим да се радува.

Инаку почетокот на мечот, односно во првите 12-13 минути Струга ТЛ доминираше, а потоа Жалгирис ја презеде иницијативата, меѓутоа шансите не беа искористени, и на пауза екипите заминуваат со празни мрежи.

Се вчитува...