На полувреме од денешните натпревар од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига постигнати се четири голови и тоа сите на натпреварот помеѓу Работнички и Брера каде резултатот гласи 1-3.
На Арената први поведоа струмичани преку Михаилов уште во 5. минута од средбата, а домаќините изеднаија со голот на Кадриу во 27. минута. Сепак Брера е онаа која води на паузата благодарение на умешно изведениот пенал на Ндзенгуе во 42. минута и голот на Наумчевски во втората минута од судиското продолжение за 1-3.
На натреварот помеѓу Шкендија и Силекс мрежите мируваа во првите 45. минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

