Полувреме: Бриж држи час по фудбал во Бергамо

Нова сензација е на повидок во Лигата на Шампионите и повторно пред елиминација се наоѓа тим од Италија. Неколку часа откако Милан беше исфрлен од Феенорд од елитното европско натпреварување, сега на добар пат да ги следи „росонерите“ се наоѓа и Аталанта.

Актуелниот освојувач на Лигата на Европа беше голем фаворит на домашен терен со Бриж, но белгикиот тим по 45 минути игра има сензационална предност од 0-3, или вкупни „плус четири“ ако се земе во предвид и минималната победа на Бриж на првиот меч.

Домаќините беа шокирани на самиот старт откако Талби одлично се снајде во 3. минута. Брижи доби на самодоверба па истиот фудбалер нешто подоцна зголеми и на 0-2, за тотален молк меѓу домашните фанови на стадионот во Бергамо.

Неверојатно беше судиското продолжение, во кое Аталанта имаше три стопроцентни шанси за дваесетина секунди (еден дирек и две интервенции на самата гол-линија), за потоа на спротивната страна Бриж да казни со прекрасен погодок на Јутгла од 25 метри.

Се вчитува...