Арсенал за 45 минути фудбал го осигура местото во четвртфиналето од Лигата на Шампионите откако „топчиите“ заминаа на одмор на гостувањето против ПСВ Ајндховен со убедливи 1-3.
Ситуацијата можеби ќе беше поинаква доколку ПСВ реализираше зицер при 0-0 (погоден беше дирекот), по што следеше фуриозен одговор на „топчиите“. Тимер со прекрасен гол со глава го донесе англискиот тим во водство, а на погодокот на Холанѓецот набрзина се надоврзаа и Нванери и Мерино, носејќи предност од 0-3. ПСВ пред крајот на полувремето успеа само да ја намали негативата преку Ланг од пенал.
Многу интересно е на градското дерби на „Сантијаго Бернабеу“ меѓу Реал и Атлетико Мадрид, каде екипите заминаа на одмор со изрманети 1-1, по двата прекрасни погодоци што беа постигнати во мрежите на Облак и на Куртоа. Реал прв дојде во водство со фантастичниот гол на Родриго, но израмнување за Атлетико донесе Алварез со феноменален погодок од аголот на шеснаесетникот.
Борусија Дортмунд има предност од 1-0 по првиот дел на домашниот меч со Лил, откако Адејеми стрелаше прецизно од работ на шеснаесетникот. „Милионерите“ во последните секунди од полувремето постигнаа и втор гол, што беше поништен поради минимален офсајд на стрелецот Грос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

