Холандија и Полска имаат израмнети 1-1 по првите 45 минути од мечот во Хамбург, исход од кој поразочарани сигурно ќе бидат Роналд Куман и холандските фудбалери ако се земат во предвид големите шанси што ги пропуштија „лалињата“ на овој меч.
Дуелот почна со одбрана на Шчесни по обидот на Гакпо, но десетина минути подоцна Полска го шокираше фаворитот откако Адам Букса се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и по корнерот на Зиелински ја доведе своајта репрезентација во водство.
Холанѓаните се консолидираа и успеаја да стигнат до заслужено израмнување преку Гакпо, асот на Ливерпул шутираше силно од триесетина метри, топката закачи еден од противничките фудбалери и заврши зад грбот на Шчесни.
„Лалињата“ беа многу блиску и до втор гол, но во последните пет минути од полувремето од одлични ситуации мрежата не ја погодија Гакпо и Депај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА