Полувреме: Германија е во нокдаун, Ендој донесе водство на Швајцарија

Швајцарија неочекуано има водство од 1-0 по првото полувреме од мечт со Германија, резултат со кој Швајцарците моментно се наоѓаат на првото место во својата група.

Германците делуваа сигурно на првите две сребди, а добро почнаа и вечерва, но голот на Андрих беше поништен поради фаул од Мусиала во претходната фаза од акцијата. Ендој е херојот на Швајцарија во првото полувреме откако фудбалерот на Болоња одлично се снајде во шеснаесетникот и го матираше Мануел Нојер, за свој прв гол во 14. репрезентативен настап.

Германците имаат повеќд од поседот врз топката, но се мачат да создадат ситуација за израмнување, додека Швајцарија имаше и добра можност за втор гол, но ударот на Ендој заврши сантиметри крај левиот дирек на Нојер.

На вториот меч од оваа група Унгарија и Шкотска играат со израмнети 0-0, резултат со кој Шкотите би останале на третото место, но со само два бода би стравувале за пласман во осминафиналето. Двете селекции играат затворен фудбал, а најубавата шанса ја пропушти Унгарецот Орбан, кој од пет метри со глава шутираше над гредата по центаршутот на Собослаи.

Се вчитува...