ПОЛУВРЕМЕ: Играме храбро, достижни минус два на паузата со Португалија

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонија има негатива од 13-15 по првото полувреме од дуелот против Португалија. Успеавме во намерата да ја забавиме играта на противникот, но пред крајот на полувремето се соочивме со проблеми во нападот што противникот ги искористи за да дојде до „плус два“. Сепак, доколку се продолжи во ваков ритам, со храбра игра и поголема поддршка од голманите можеме да се надеваме на неизвесен финиш, зошто да не и позитивенн резултат на овој меч.

Мечот како и против Данска го почнавме со 5-1 зона во одбраната, Џонов како најистурен во обид да ги исфрлиме од ритам противниците. Одлично отворивме, полни со самодоверба поведувајќи со 2-1 со головите на Велковски и на Кузмановски. Митревски имаше две одбрани во првите пет минути, а Македонија набрзина стигна и до 4-2, со голот што од контранапад го постигна Стојковиќ.

При овој резултат не искористивме напад за „плус три“, па на спротивната страна примивме гол и исклучување заработи Стојковиќ. Уsпеавме да одржиме минимално водство, со мајсторскиот гол на Митев за 6-5, но следеше ново исклучување, за Мартин Серафимов. Атанасијевиќ со проектил од девет метри израмни на 7-7,но проблемите се зголемија во 15. минута по стартот на Маркоски над Кошта, за што македонскиот репрезентативец доби директен црввен картон.

Следеше и подарок пенал при следниот напад за Португалија што противникот го искористи за да поведе со 7-8. Во лош момент за нас се разбрани и португалскиот голман Капдевиљ, но нашата одбрана на чело со Митревски не дозволи противникот да се одлепи (8-9, 19. минута). Џонов стрелаше прецизно од крило за 9-9, по што португалскиот селектор побара тајмаут. Се продолжи со израмнета игра, па Кузмановски со својот шести гол на мечот донесе 12-12, на пет минути до крајот на полувремето. Згора на тоа, повреда заработи Џонов, се зголемија и проблемите во нападот (пет минути без постигнат гол), за пред крајот на полувремето Пешевски да стрела за 13-14, а Португалците од пенал да стигнат до 13-15, резултат со кој се замина на одмор.

Се вчитува...