ПОЛУВРЕМЕ: Крајот го расипа впечатокот (15-11)

Македонија има негатива од четири гола по првото полувреме од гостувањето во Порто против Португалија (15-11), резултат што се должи на катастрофалниот финиш на полувремето на нашите ракометари. Имено, Македонија повеќе од 25 минути целосно парираше, во неколку ситуации имаше и водство, но во самиот финиш, и тоа по тајмаутот земен од нашиот селектор Лазаров при 10-11, следеше серија од 5-0 на домаќинот и убедливо водство на Португалците на паузата.

Селекторот Лазаров се реши овој натпревар да го почне со Мартин Томовски на голот, по одличниот настап на голманот на Вардар во второто полувреме на мечот во Скопје. Одбраната функционираше на ниво од стартот на мечот, па Македонија по првите пет минути игра имаше водство од 1-3. Проблемите со реализацијата на пеналите продолжија со промашениот седмерец на Кузмановски при 2-3, a казната стигна со три гола во низа за Португалија и водство на домаќините од 5-3. Јагуриновски ја прекина црната серија од шест минути без постигнат гол на Македонија.

По 15 минути игра резултатот гласеше 5-4 за домаќините, а португалскиот селектор го побара првиот тајмаут при водство на неговата селекција од 6-5. Македонија сепак стигна до израмнување од 6-6 преку Митев, a потоа продолжи со одлина игра и со двата гола на Серафимов поведе со 7-8.  Кузмановски презеде одговорност во нападот, со асистенција до Џонов, а потоа и со прекрасен погодок одржувајќи го минималното водство на нашиот национален тим (8-9, 9-10). Кире Лазаров побара тајмаут при наше водство од 10-11, но повторно се соочивме со период на проблеми во нападот, а Португалија постигна пет гола до крајот на полувремето и на одмор замина со водство од 15-11.

Се вчитува...