ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Адејеми трагичар, Куртоа повторно „амајлија“ за Реал во финале (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд играат без голови 0-0 на полувреме во финалето од Лигата на шампионите. Милионерите и тоа како треба да жалат што немаат предност по првиот дел бидејќи и тоа како беа подобар противник во првите 45 минути.

Стартот на натпреварот го одбележа голем безбедносен пропуст откако на „Вембли“ беа потребни само 20 секунди за еден навивач да влезе на теренот. Се играше 20 секунда кога еден расположен авантурист дојде до Џуд Белингем. Веднаш потоа влегоа уште тројца навивачи, а мечот беше во прекин дури две минути.

Во првите дваесет минути и двата тима беа внимателни, па мечот не ни донесе никакво поголемо возбудување. Првата вистинска шанса ја имаа „милионерите“ во 21. минута кога Адејеми излезе сам пред Тибо Куртоа, но едноставно младиот фудбалер се изгуби и не успеа ниту да шутне кон голот на Белгиецот.

Karim Adeyemi chance against Real Madrid
byu/PSGAcademy insoccer

Само минута подоцна Филкруг ја погоди стативата, но и доколку беше постигнат гол тој ќе беше поништен бидејќи германскиот напаѓач беше во офсајд. Mилионерите повторно имаа шанса во 28. минута и тоа повторно преку Карим Адејеми, но и овој удар го спречи Тибо Куртоа.

Dortmund chance against Real Madrid 28′
byu/etclassico insoccer

Нова шанса имаше Дортмунд во 41. минута по одличниот шут на Сабицер, но повторно Тибо Куртоа беше на висина на задачата и ги задржа почетние 0-0.

Се вчитува...