Фудбалерите на Барселона водат со 1-2 на полувреме на гостувањето во главниот град на Чешка кај Славија Прага во натпревар од 7. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Чесите до водство од 1-0 дојдоа со погодокот на Кусеј во 10. минута, откако по корнерот на домашниот тим, целата одбрана на Каталонците предводена од голманот Џоан Гарсија интервенираа пацерски.
До крајот на првиот дел Барса стигна до целосен пресврт (1-2) со двата гола на Фермин Лопез, додека домаќините успеаја на пауза да заминат со 2-2 со автоголот на Левандовски во 44. минута.
Slavia Prague [1] – 0 Barcelona – Vasil Kusej 10'
byu/ayoefico insoccer
Баерн Минхен игра без голови на домашен терен против Унион Сен Жилон, а без голови на полувреме игра и Челси на домашен терен со Пафос. Ливерпул има водство од 0-1 против Олимпик Марсеј со голот на Собослаи.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 7. КОЛО:
АТАЛАНТА – АТЛЕТИК БИЛБАО 1-0
БАЕРН М. – УНИОН СЕНТ ЖИЛОН 0-0
ЧЕЛСИ – ПАФОС 0-0
СЛАВИЈА ПРАГА – БАРСЕЛОНА 2-2
ЈУВЕНТУС – БЕНФИКА 0-0
ОЛИМПИК М. – ЛИВЕРПУЛ 0-1
ЊУКАСЛ – ПСВ АЈНДХОВЕН 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

