Каталонскиот гигант Барселона има предност од 1-2 на полувреме против Црвена звезда во меч од 4. коло од новата историска сезона во Лигата на шампионите.
Гостите до водство од 0-1 стигнаа уште во 13. минута со погодокот на Иниго Мартинез. Домашниот тим успеа да израмни на 1-1 преку Силас во 27. минута, додека ново водство за Барселона (1-2) донесе Левандовски во 43. минута.
FK Crvena Zvezda 1 – [2] Barcelona – Robert Lewandowski 43'
byu/Rudigaa insoccer
Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид играат 1-1 на полувреме на „Паркот на принцовите. Заире Емери во 14. минута донесе водство од 1-0 за домаќинот, додека на 1-1 израмни Молина во 18. минута. Минимално водство од 1-0 по 45 минути има Интер против Арсенал. Голот за водство на нероаѕурите го постигна Чалханоглу од пенал во судиското надополнување.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 4. КОЛO:
КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА 1-0
ШАХТЈОР – ЈАНГ БОЈС 2-1
ПСЖ – АТЛЕТИКО 1-1
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БАРСЕЛОНА 1-2
ИНТЕР – АРСЕНАЛ 1-0
ФЕЕНОРД – САЛЦБУРГ 0-1
СПАРТА ПРАГА – БРЕСТ 0-1
ШТУТГАРТ – АТАЛАНТА 0-0
БАЕРН – БЕНФИКА 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА