Барселона има водство од 3-1 на полувреме против Баерн Минхен во дерби натпреварот на денешниот ден од 3. коло во Лигата на шампионите. Домаќините поведоа со 1-0 уште во 1. минута со голот на Рафиња. Гостите израмнија на 1-1 преку Хари Кејн во 18. минута, додека ново водство за домаќинот донесе Левандовски во 36. минута. На 3-1 зголеми Рафиња во судиското надополнување во првото полувреме.
Barcelona [2] – 1 Bayern Munich – Robert Lewandowski 36'
byu/CivillyWalk757 insoccer
Динамо Загреб во кој во стартниот состав се најдоа и Стефан Ристовски и Аријан Адеми игра без голови 0-0 на полувреме на гостувањето кај Салцбург. Лајпциг пак губи дома од Ливерпул 0-1, а Елиф Елмас повторно се најде на клупата на бундеслигашот.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 3. КОЛO:
АТАЛАНТА – СЕЛТИК 0-0
БРЕСТ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 1-1
АТЛЕТИКО М. – ЛИЛ 1-0
БАРСЕЛОНА – БАЕРН М. 3-1
БЕНФИКА – ФЕЕНОРД 0-2
МАНЧЕСТЕР С. – СПАРТА ПРАГА 1-0
ЛАЈПЦИГ – ЛИВЕРПУЛ 0-1
САЛЦБУРГ – ДИНАМО 0-0
ЈАНГ БОЈС – ИНТЕР 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА