ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: БОДО Глимт има реми против Интер, Атлетико Мадрид со предност во Бриж (ВИДЕО)

Норвешкиот шампион БОДО Глимт има реми 1-1 на полувреме против италијанскиот великан Интер во првиот натпревар од двомечот во плеј-оф фазата од новото издание на Лигата на шампионите на УЕФА.

Домаќините стигнаа до изненадувачко водство од 1-0 со погодокот на Фет во 20. минута. Само десет минути подоцна поранешниот европски шампион успеа да израмни на 1-1 преку Еспосито.

Bodoe/Glimt [1] – 0 Inter – Sondre Fet 20‎'‎
byu/gbogaz insoccer

Во останатите натпревари од вечерашната понуда Атлетико Мадрид има предност од 0-2 против Клуб Бриж,  додека Олимпијакос и Баер Леверкузен играат без голови 0-0. Претходно Њукасл го декласираше Карабах со 1-6.

Се вчитува...