Хрватскиот шампион Динамо Загреб води со 1-0 по првото полувреме против францускиот Монако на „Максимир“ во натпревар од второто коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Водство во судиското надополнување во првото полувреме за домашните донесе младиот Петар Сучиќ. Во почетната постава на домашниот тим се најдоа и двајцата македонски интернационалци Аријан Адеми (кој доби жолт картон во 38. минута) и Стефан Ристовски. Изненадувачко водство од 1-0 има Лајцпиг на домашен терен против Јувентус. Голот за домаќините го постигна Шешко во 30. минута. Елиф Елмас повторно е на клупата за германскиот тим.
Водство од 1-0 со голот на Мекалистер има и Ливерпул на домашен терен против Болоња. Бенфика води исто така со 1-0 против Атлетико Мадрид, додека водство од 1-0 има и Лил против Реал Мадрид со голот на Џонатан Дејвид од пенал. Со почетните 0-0 е и мечот меѓу Астон Вила и Баерн Минхен.
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО ЛШ:
ЖИРОНА – ФЕЕНОРД 2-3
ШАХТЈОР – АТАЛАНТА 0-3
ПОЛУВРЕМЕ:
АСТОН ВИЛА – БАЕРН М. 0-0
БЕНФИКА – АТЛЕТИКО М. 1-0
ДИНАМО З. – МОНАКО 1-0
ЛИЛ – РЕАЛ МАДРИД 1-0
ЛИВЕРПУЛ – БОЛОЊА 1-0
ЛАЈПЦИГ – ЈУВЕНТУС 1-0
ШТУРМ – КЛУБ БРИЖ 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА