Баерн Минхен има предност од 1-0 на полувреме против Баер Леверкузен во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Стрелец на единствениот погодок досега на мечот беше Хари Кејн кој го матираше противничкиот голман во 9. минута.
Bayern Munich [1] – 0 Bayer Leverkusen – H. Kane 9'
byu/dotuan211 insoccer
На преостанатите два меча од вечерашната понуда стојат почетните 0-0. Барселона остана со фудбалер помалку на гостувањето кај Бенфика, откако Пау Кубарси доби директен црвен картон.
Pau Cubarsi (Barcelona) straight red card against Benfica 22'
byu/MeladroitsTV insoccer
На „Паркот на принцовите“ иако Пари Сен Жермен е подобар противник не успеа да го начне голот на Ливерпул. Квараскелија постигна погодок за 1-0, но поради офсајд беше поништен со ВАР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

