ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: „Кралевите“ водат против Наполи, Арсенал со „петарда“ за Ленс (ВИДЕО)

Реал Мадрид води со 2-1 на полувреме против Наполи во меч од 5. коло од Лигата на шампионите. Џовани Симеоне во 9. минута донесе водство од 0-1 за гостите, а само минута подоцна Родриго израмни на 1-1. До крајот на првиот дел погодок за домаќините постигна и Џуд Белингем во 22. минута за 2-1.

Real Madrid [2] – 1 Napoli – Jude Bellingham 22‎’‎
byu/MarcoRuss insoccer

Жоао Марио игра симултанка против својот поранешен тим Интер. Португалецот во првото полувреме постигна хет-трик со кој на својот тим му донесе убедливо водство од 3-0. Убедлива предност на полувреме има и Арсенал кој на домашен терен води против Ленс со 5-0.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 5. КОЛО: 

РЕАЛ МАДРИД – НАПОЛИ 2-1

АРСЕНАЛ – ЛЕНС 5-0

БЕНФИКА – ИНТЕР 3-0

БАЕРН МИНХЕН – КОПЕНХАГЕН 0-0

БРАГА – УНИОН БЕРЛИН 0-1

РЕАЛ СОСИЕДАД – САЛЦБУРГ 0-0

18.45 

ГАЛАТАСАРАЈ – МАНЧЕСТЕР Ј. (3-3)

СЕВИЛЈА – ПСВ АЈНДХОВЕН 2-3 

Се вчитува...