ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Ливерпул и Ајакс дадоа по еден гол, Левандовски утна „зицер“ против Баерн

Полувреме е на натпреварите од 2. коло во Лигата на шампионите, и има малку голови. Само четири на сите пет натпревари, од кои два во Ливерпул. Ливерпул поведе против Ајакс со голот на Салах во 17. минута, но израмни Кудус 10 минути подоцна. И двата тима имаа свои минути, а повеќе шанси имаше Ливерпул, кој при 1-0, лесно можеше да го дуплира водството.

Баерн Минхен и Барселона играат изненадувачки без голови на полувремето. Левандовски малку фалеше да се запише во листата на стрелците, но не реализираше чист „зицер“. Излезе сам пред Нојер, но шутираше само над голот. Шанса за Баерн имаше Сабицер, кој шутираше крај голот.

Гол има и на „Велодром“ во Марсеј каде што Ајнтрахт Франкфурт има водство со голот на Линдстом во 43. минута. Изнандувачко водство има Бриж преку Јутгла од пенал во дуелот со Порто на гостински терен.

Баер Леверкузен против Атлетико Мадрид нема голови, иако имаше еден спорен момент и недосуден пенал за Атлетико.

Се вчитува...