Баерн Минхен има предност од 2-0 на полувреме против Манчестер јунајтед на „Алијанц арената“ во дерби натпреварот од вечерашната понуда во Лигата на шампионите.
Гостите многу брзо можеа да дојдат до предност, но повторно како многу пати сезонава не се снајдоа најдобро во противничкиот шеснаесетник. Прво Пелистери не успеа да ја закачи топката и проба да изнуди пенал, а откако таа се врати до Ериксен, Данецот од непосредна близина биеше во голманот Улрих.
Казната стигна во 28. минута кога Сане на асистенција на Хари Кејн донесе водство од 1-0 за домаќините. Само четири минути подоцна Гнабри зголеми на 2-0.
Изненадувачко водство од 1-0 на домашен терен има Реал Сосиедад против актеулниот вицешампион Интер. Домаќините до водство стигнаа уште во 4. минута со погодокот на Мендез.
Bayern Munich [1] – 0 Manchester United – Leroy Sané 28'
byu/PSGCampus insoccer
Bayern Munich [2] – 0 Manchester United – Serge Gnabry 32'
byu/PSGCampus insoccer
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 1. КОЛО:
Реал М. – Унион Б. 1-0
Галатасарај – Копенхаген 2-2
Баерн М. – Манчестер Ј. 2-0
Реал С. – Интер 1-0
Арсенал – ПСВ 3-0
Брага – Наполи 0-1
Севилја – Ленс 1-1
Бенфика – Салцбург 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

