Актуелниот европски шампион и рекордер во ова натпреварување Реал Мадрид е на само едно полувреме од ново четвртфинале во Лигата на шампионите, откако по победата од 2-5 на „Енфилд роуд“ вечерва на домашен терен има 0-0 по 45 минути против Ливерпул.
Двата тима ни донесоа феноменално прво полувреме во кое недостасуваа само голови. Во 7. минута Дарви Нуњез по грешката на Ридигер ја имаше првата убава шанса за гостите, но одлично одбрани Куртоа. „Кралевите“ возвратија преку Винисиус Жуниор, но одлично интервенираше и Алисон Бекер. Потоа следуваше феноменален удар на Едуардо Камавинга кој заврши во пречката на гостинскиот тим. До крајот на првото полувреме Дарвин Нуњез во 33. минута имаше нова шанса, но повторно битката ја доби Куртоа.
Во вториот меч од вечерашната понуда Наполи на позитивата од два гола од првиот меч води и 1-0 во реваншот против Ајнтрахт Франкфурт со голот на Осимен во судиското надополнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

