Реал Мадрид и Бенфика играат 1-1 на полувреме во реванш натпреварот од плеј-оф фазата во новото издание на Лигата на шампионите. По првиот меч пред седум дена кој помина во голема тензија, денеска на теренот е многу мирно, а двата тима по првите 45 минути постигнаа по еден гол.
Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со погодокот на Рафа Силва во 14. минута. Кралевите израмнија на 1-1 преку Чуамени во 16. минута. Арда Ѓулер стрелаше за 2-1, но по проверка на ВАР неговиот гол беше поништен поради офсајд.
Real Madrid [1] – 1 Benfica [2-1 on agg.] – Aurélien Tchouaméni 16'
byu/ayoefico insoccer
Јувентус намали еден гол од потребните три против Галатасарај и на полувреме има предност од 1-0. Стрелец на голот за „старата дама“ беше Локатели од пенал во 37. минута.
Juventus [1] – 0 Galatasaray – Manuel Locatelli (penalty) 37'
byu/gbogaz insoccer
Пари Сен Жермен по тешката победа во првиот меч по пресврт од 3-2 и вечерва има негатива против Монако овојпат со 0-1. Стрелец на голот за Монако беше Аклиуче во 45. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

