ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Реми во Торино, Реми во Лил (ВИДЕО)

Јувентус и Вилјареал играат без голови (0-0) по првите 45 минути во реванш натпреварот од осмфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Двата тима одиграа убаво прво полувреме во кое недостасуваа само голови. За потсетување првиот натпревар во Вилјареал заврши 1-1, па поради укинување на правилото гол во гости доколку по 90 минути останат почетните 0-0 натпреварот ќе замине во продолженија.

На вториот натпревар од вечерашната понуда Лил и Челси имаат 1-1 по првото полувреме.  Откако играше со ракаЖоржињо, Бурак Јилмаз во 39. минута од пенал донесе водство за домашниот тим, додека на 1-1 израмни Пулишиќ во судиското надополнување. За потсетување првиот натпревар во Лондон заврши со триумф на домаќините од 2-0.

Се вчитува...