Српскиот шампион Црвена Звезда има неверојатна предност од 0-1 на полувреме на гостувањето кај европскиот шампион Манчестер Сити.
Иако „граѓаните“ ја имаат иницијативата и имаат голем број шанси, сепак не успеаја да го начнат голот на српскиот шампион. Најубавата шанса ја имаше Ерлинг Халанд кој ја погоди пречката. По големиот број промашувања казната стигна во судиското надополнување кога Букари го шокираше „Етихад“.
Manchester City 0 – [1] Crvena Zvezda – Osman Bukari 45' +2'
byu/50lipa insoccer
И на дербито на вечерта меѓу Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд по првото полувреме стојат почетните 0-0.
Барселона игра одличен меч на првиот меч на „Монжуик“ во ЛШ каде против Антверпен води со 3-0. Стрелци за Каталонците се: Жоао Феликс, Роберт Левандовски и автоголот на Батали.
Barcelona [2] – 0 Royal Antwerp – Robert Lewandowski 19'
byu/CivillyWalk757 insoccer
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 1. КОЛО:
Милан – Њукасл 0-0
Јанг Бојс – Лајпциг 1-3
Манчестер С. – Црвена Звезда 0-1
Барселона – Антверпен 3-0
ПСЖ – Борусија Дортмунд 0-0
Лацио – Атлетико М. 0-1
Шахтјор – Порто 1-3
Феенорд – Селтик 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

