Македонија по првото полувреме губи со 3-0 од Шпанија во рамките од првото коло од Европското првенство за млади играчи што се игра во Полска.
Нашите надежи го плаќаат данокот на неискуството, па и покрај добрата игра и неколкуте одлични шанси избраниците на Боби Милевски незаслужено имаат голема негатива против „црвената фурија“. Саул Нигез и Марко Асенсио со евроголови по неполни 20 минути игра донесоа солидна предност на фаворитот, а на 3-0 од пенал во 35. минута зголеми Деулофеу, откако Бејтулаи играше со рака во нашиот шеснаесетник.
Штета е што храбрата игра на македонскиот национален тим не е крунисана и со некој погодок во мрежата на „црвената фурија“, нешто што нашата селеција го заслужи со создадените шанси на стадионот во Гдиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА